Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Министерот Серафимовски и австрискиот амбасадор Памер разговараа за продлабочување на соработката во земјоделството и руралниот развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната.

– Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни е соработката да ја продлабочиме и развиеме преку посилни институционални и деловни врски, размена на експертиза и конкретни можности за македонските земјоделци и компании – истакна министерот.

Серафимовски и Памер, како што информира МЗШВ, ја нагласија потребата од поголема соработка меѓу надлежните институции, стопанските комори и земјоделските организации, како и од поттикнување на трговската размена и инвестициите во агропрехранбениот сектор и преработувачката индустрија. Во разговорот беше даден фокус и на развој на можностите за промоција на македонските земјоделски и прехранбени производи, како и извоз на македонските вина на австрискиот пазар.

Реклама

На средбата стана збор и за поддршката што Австрија ја дава на евроинтегративниот процес на Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој. Особено беше нагласено значењето на размената на знаења и експертиза во делот на шумарството и промоцијата на агротуризмот.