Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Милошоски: 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласаат за уставни измени, а и најмалку двајца од владејачкото мнозинство се исто против

Врз пратениците и врз раководството на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз пратениците и врз раководството на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека има притисоци, некои посуптилни, некои подиректни и некои може и граѓаните да ги приметат, рече Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостувањето во емисијата За или против.

„Власта е таа која ургира кај странски претставници да влијаат врз опозицијата. Тие не зборат со нив за проекти, туку главно барање им е дојдете во Македонија и притискајте ја опозицијата. Но, 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за иницијативата за уставни измени, а и најмалку двајца од владејачкото мнозинство се исто така против уставните измени. И на една координација меѓу Ковачевски и СДСМ и нивната коалиција дошло до расправија дека овие пратеници рекле дека пред се би си дале оставка отколку да гласаат“, вели Милошоски.

Во оваа ситуација, додава Милошоски, Ковачевски однапред си прави алиби.
„Ковачевски кога ќе се види дека нема двотретинско мнозинство и меѓу неговите ќе му треба алиби“, посочи Милошоски.

Реклама

Според него во работната група за уставните измени има несогласување меѓу Алијанса на Албанците и претставникот на претседателот Стево Пендаровски, едните бараат било какви измени, додека претставникот на Пендаровски рекол дека нема мандат да разговара за друго освен за внес на Бугарите во Преамбулата.

“Непромислениот, избрзано потпишан договор не само што создаде полоши соседски односи, туку отвори низа на пандорини кутии. Во работната група, доколку еден ден и тие бидат чесни и ги објават записниците ќе се види дека имало размена на различни идеи за редефинирање на Преамбулата, а со тоа и на уставниот поредок“, кажа Милошоски.