Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Милошоски: Со најавата за бојкот на Изборниот законик, Филипче уште сега спрема алиби за изборниот дебакл

Најавата на лидерот на опозицијата дека СДСМ нема да ги поддржи измените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата на лидерот на опозицијата дека СДСМ нема да ги поддржи измените на Изборниот законик, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како доказ дека неговата главна цел е да се спротистави на законите од Реформската агенда и како алиби за поразот што оваа партија би го имала на следните избори. 

– Филипче преку најавата за блокада бара можно алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните избори без разлика кога ќе се случат. Многу симптоматично е дали Филипче ја следи Левица во нивните ставови бидејќи денеска имавме најава од Левица за можна блокада, а потоа следува потврдата од Филипче кој се обидува да го копира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано останува да одговори претседателот на СДСМ, рече Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција во Собранието, Милошоски посочи дека Изборниот законик предвидува и електронско гласање на дијаспората што е направено според моделите на Франција и Естонија и дека со бојкотот што го најавува Филипче и прави штета на државата.

Реклама

– Ваквото електронско гласење на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање за претседател на државата и за пратеници, но предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните, туку и со неговиот пристап кон нашите граѓани кои живеат надвор од државата. Многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно за себе наоѓа алиби, но долгорочно и прави штета на Македонија во однос на Реформската агенда и по однос на нераскинливата врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста тие да гласаат на секои избори, рече Милошоски.

Смета дека не се брза со носењето на Изборниот законик затоа што, како што вели, за него се разговарало четири месеци од март. 

– Од лидерската средба во јануари до март кога почнаа состаноците на работните групи во Министерството за правда каде одржавме околу 20 работни состаноци на кои немаше никакво надгласување, никаква мајоризација, одлучувавме со највисок можен степен на консензус и стигнавме до исполнување на отпрлика 28 од препораките на ОБСЕ/ОДХР по однос а Изборниот законик, рече Милошоски.