Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Владата нема да дозволи цените да дивеат. Онаму каде што пазарните инспектори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да дозволи цените да дивеат. Онаму каде што пазарните инспектори ќе утврдат нелогични поскапувања или неоправдано високи трговски маржи, ќе следуваат соодветни мерки и санкции. Министерот за економија и труд, Ристески, веќе остварил средба со поголемиот број на трговци, добавувачи и увозници и оцени дека досегашниот балансиран пристап на делување на Владата дава резултати, појаснувајќи дека Македонија во моментов има најниска инфлација во регионот.

„Оваа влада работи по пазарни услови пазарна економија нема досега ограничувања и гледаме дека пазарот на понуда и побарувачка ги регулира добро цените. Порано владите кога имало директно мешање, можеби ефектот бил мал, но тоа се пресликувало и се дуплирално кога ќе заврши мерката, на крајот од денот тоа го плаќаат граѓаните. Онаму каде нема пазарна логика во зголемувањето на некои цени маржи, ќе реагираме затоа што не сакаме да плаќаат екстра профити на грбот на граѓаните во момент кога имаме светска економска криза“, изјави Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

Просечната потрошувачка кошничка која ја најавува Владата треба да почне да се применува од септември.  Таа како што објаснуваат надлежните ќе им служи како статистичка основа за креирање економски политики, закони и мерки, темелени на релевантни и обработени податоци.

Реклама

„Кошничката не е пандам на минималата потрошувачка која не е минимална ја објавуваат синдикатите по нивни параметри,  но оваа кошничка ќе ни користи за водење на исправни економски политики, закони, мерки за да бидат врз база на добро обработливи статистички податоци. Ако се усогласиме од септември ќе почнеме да ја применуваме“, изјави Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

За утре е закажана седница на Економско-социјалниот совет, на која ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои и годишната програма за работа на Советот, како и повеќе прашања поврзани со економските и социјалните политики.