Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Македонија пред најсилниот топлотен бран

Пеколен бран ќе ја зафати Македонија. Температурите од денес па во наредниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пеколен бран ќе ја зафати Македонија. Температурите од денес па во наредниот период постојано ќе бидат во пораст. Најжешко според метеоролозите ќе биде следната недела кога живата на термометарот ќе се искачи и над 40 степени.

–За утре се очекува за еден степен потопло време односно ќе биде сончево и топло со максимални температури од 31 до 39 степени. Веќе во следните денои живата во термометарот ќе го достигне и четириесетиот степен. А од следната работна седмица се очекува да го надмине и четириесетиот степен– истакна дежурната синоптичарка Марија Цветковска-Атанасова.

Хронично болните лица и асматичарите да бидат особено внимателни ,  алармираат докторите. Апелираат да се избегнува директна изложеност на сончевите зраци од 11 до 18 часот  и да се пијат многу течности. Посебно да внимаат и помладите оти како што велат и тие се почесто се јавуваат во ургентните центри со срцеви и мозочни инфаркти.

Реклама

–Мораат да внесуваат многу полесна храна и да внесуваат повеќе течности од три до четири литри дневно. Ако се долго на сонце може да започне една силна главоболка може да се појават одредени вртоглавици и потоа варијации на самиот крвен притисок. Покрај тоа може да се појави и висока температура па да мислат дека се настинати или болни а всушност тоа да биде резултат на самиот топлотен бран–истакна др. Драган Горѓиевски

Додаваат дека ако почувствуваат било кој од овие симптоми веднаш да се консултираат со својот матичен лекар. Воедно и препорачуваат да не се консумира мрсна и тешка храна и лесно расиплива храна за да не дојде до евентуално труење.

– Да се внесува што е можно полесна храна значи тоа да биде повеќе варена него мрсна храна, значи храната треба да биде добро приготвена да не седи многу на високи темпертури– истакна др. Драган Горѓиевски

Хронично болните пак да ја земаат својата терапија а сите оние кои излегуваат на сонце да носат лесна и светла облека, да користат заштитна крема од сонце, очила за сонце и капи. Докторите апелираат додека трае топлотниот бран да се почитуваат препораките.  Вниманието и превенцијата остануваат најдобрата одбрана за заштита  од високите температури.