Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

„Македониумот“ во Крушево се заштитува од протекување

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. 

Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. 

– Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат големи оштетувања, како и стаклените галерии, на лице место се монтира челичната конструкција која веќе е изработена. А е изработена од кутиести профили со различни димензии. Ќе биде поиставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од Споменикот. Над конструкцијата се поставува лексан со дебелина од 16 милиметри. Со ова ќе постигнеме да не протекува повеќе вода во споменикот, изјави Сузана Грибовска, советник конзерватор, архитект во Заводот и музеј -Прилеп. 

Реклама

Инвестицијата која треба да заврши пред 2 Август, чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година.

– Превентивата предвидува заштита на четирите витражни и на четирите галерии со стакло. Таа е за да запре протекувањето на водата во Македониумот кое е најголемата опасност. Утре ќе биде поставена платформата и самите конструкции ќе се постават на Македониумот. Оваа превентивна заштита завршува до крајот на јули, а во тек е изготвување на основен проект за конзервација и реставрација на Македониумот кој целосно го опфаќа, вклучувајќи ги статиката, градежните работи, витражните стакла коиќе се заменат за нови и внатрешната метална конструкција, објаснува Мимоза Христоска, директорка на Заводот и музеј- Прилеп. 

Пред празникот се чисти околу споменикот, а гостите не заминуваат од Крушево без да го посетат Македониумот. 

– Годинава за првпат механизирано чистиме околу споменикот во пресрет на големиот празник 2 Август- Илинден. Гости и посетители постојано доаѓаат и сите ги покануваме и за Празникот да дојдат во Крушево, вели Миха Оџаклиески, директор на Историски музеј- Крушево.

Споменикот Илинден, како комплекс, е дело на архитектите Искра и Јордан Грабул.