Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

По неколку години пауза, политиката на проширување на Европската Унија доби нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку години пауза, политиката на проширување на Европската Унија доби нов импулс и мислам дека сега е времето и Македонија да стане полноправна членка на европското семејство, изјави министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис по средбата со македонскиот колега, Тимчо Муцунски.

Војната во Украина го промени геополитичкиот курс на ЕУ и сега е јасно дека Унијата ќе се проширува, додаде тој.

„Ова е шанса која мора да се искористи, проширувањето на ЕУ сега се потпира на геополитичките потреби. Главниот фактор кој мора да се земе в предвид е војната во Украина. Имаше пауза во процесот, имаше суштински дебати дали е потребно проширување, дали се потребни институционални реформи на ЕУ, но сега е јасно дека ЕУ треба да се проширува. Главниот фокус е врз Украина, таа е главната локомотива, но постојат различни предизвици за земјите од Блаканот“, изјави Будрис.

Реклама

Сепак, Будрис потврди дека не е возможно да се дадат гаранции дека во текот на преговарачкиот процес, нема да следуваат нови уцени од Бугарија или од било која друга членка кон македонската страна, под предуслов претходно да се изгласаат уставните промени.

Муцунски потврди дека тој и државниот врв се свесни дека 26 земји членки на Унијата сакаат да ја видат Македонија како дел од ЕУ, но билатералниот спор Бугарија е единствената пречка за тоа.

„Претседателката на државата, престедателот на Владата, велиме да, го чувствуваме овој момент. Посебно после Тиват се чувствува енергијата за придвижување на регионот. Нема никаква дилема кај нас. Но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, да ние ги направиме таквите одлуки и да повторно имаме ваков тип на разговори и ваков тип на пресконференции каде ќе бидеме во ситуација да една земја членка не блокира“, истакна Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија порача дека Македонија е апсолутно посветена на изнаоѓање на решение на проблемот со Бугарија, најавувајќи дека од наша страна постојано има волја за продолжување на преговорите.