Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

КСС контра ССМ – за нив е неприфатливо покачување од 2.806 денари

Работничките права за усогласување на платите со минималециот за прв пат се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работничките права за усогласување на платите со минималециот за прв пат се прекршени во 2017 година со покачување на минималецот.  Според Конфедерацијата на слободни синдикати,  синдикалната пролет која трае и денес започна во 2018 година кога преку протести се поставија барањата за кои се уште се води борба.  

– Имаме покачување од 12.000, 12.500, 14.00, 14.500 па 15.200 денари. Рокот е одамна поминат. Ние цело време бараме усогласување. Имаме 20 отсто во образование, пет отсто во јавен сектор, 30 проценти во здравство, а 75 проценти покачена минимална плата. Законот за плати е комплицирана процедура затоа што тука имате илјадници професии во јавниот сектор и ќе трае најмалку една до две години. Тоа е огромен процес кој е прашање дали ќе се донесе и во септември 2023 ако работиме секој ден. Само се замајува јавноста, смета Благоја Ралповски.

Реклама

За КСС не е прифатливо понуденото покачување од ССМ за 2806 денари затоа што платата се исплаќа по бод или по сработено.  Со измените на Законот се спречува покачување на платите според бодот, а  потпишување на општ колективен договор на кој како што велат од КСС тие се единствени потписници нема да го реши проблемот со платите.

Дел од администрацијата и овој месец на сметка ќе има плата помала од минималецот  . Проблемите од овој тип беа и причина КСС да отпочнат со протести кои беа прекинати поради  притисоци за кој КСС најави кривични пријави.  Дел од граѓанскиот сектор велат дека не  е исплатен минималец и за приватниот сектор, прашањето кое се поставува е  ако државата не ги почитува законите кои ги поставила, како ќе ги почитува приватникот ?

Од КСС тврдат дека тие се најголемиот синдикат, а нивната репрезентативност им е одземена  од социјалните партнери .Пред конгресот на КСС кој ќе се одржи утре, дел од независните синдикати и граѓанскиот сектор ги повикаа на Конфедерацијата на синдикално обединување за да го спречат делувањето на ССМ, бидејќи сметаат дека овој синдикат работи спротивно од користа на работниците.

Кристина Алексиеска