Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Корупција во здравството: Пари, подароци и врски за пристап до лекар и третман

Здравје со врски,пари, подароци, па дури и сексуални услуги – ова, според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравје со врски,пари, подароци, па дури и сексуални услуги – ова, според најновото истражување на Здружението ЕСЕ, е цената што дел од пациентите ја плаќаат за да стигнат до лекар, операција или подобар третман. Според, извештајот најчест облик на корупција е директно земање пари од пациенти или нивни роднини. Следуваат подароци, препраќање во приватни ординации, препораки за одредени лекови. Истражувањето открива и уште потемна страна на системот. Секој петти здравствен работник слушнал дека колега барал или очекувал сексуална услуга од пациент во замена за здравствена услуга, а дел од медицинскиот персонал бил изложен и на сексуални притисоци од свои колеги или претпоставени. Дури 84 проценти од анкетираните здравствени работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во системот, а загрижува фактот што само седум проценти од оние што знаеле за корупција се осмелиле да ја пријават.

Особено загрижува состојбата во гинекологијата и акушерството. Истражувањето покажува дека во повеќе од половина од случаите поткупот се користи за царски рез без медицинска потреба или за избор на конкретен гинеколог и тим при породување.

Според мислењето на здравствените работници, за борба против корупцијата неопходни се системски мерки, заштита на пријавувачите, построги казни, засилени контроли, подобри плати и услови за работа. Така медицинските работници би се охрабриле да пријават корупција. Сега се плашат од последициите бидејќи имаат  недоверба во институциите.

Реклама

Истражувањето опфаќа 410 здравствени работници и анкетирани се повеќе од 20 директори во здравствени установи.