Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Корупцијата, која со години пушташе корени во институциите, Владата се обидува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата, која со години пушташе корени во институциите, Владата се обидува да ја пресече уште во зачеток. Откако Мицкоски најави нова бесплатна телефонска линија во МВР, каде секој граѓанин ќе може да го пријави случајот и лицето кое што ќе побара или ќе понуди поткуп, познавачите со солидни оценки. Сметаат дека  телефонското пријавување е клучно, па води кон темелна проверека и откривање.  

„Доколку вие немате соработка на највисоко можно ниво во државата, особено соработката помеѓу ЈО кое на врвот на истрагата и сите оние органи кои учествуваат во предистражните дејствија. Зборувам за царина полиција финансиска инспекциски служби. Таму соработката  и координацијата мора да е на највисоко можно ниво за да имаме реална борба против криминалот и корупцијата.  05 13 Многу е важно во самите институции да се изгради една состојба во која секој е должен да ги спроведе дејствијата за кој е примен на работа и за кој прима соодветна плата“, изјави Љубомир Ѓурчески.

Доколку не се постапува по пријавата, довербата кај граѓаните лесно може да се изгуби, а корупцијата повторно да најде простор да опстојува, предупредува Ѓурчески. Според него успехот нема да се мери според бројот на примени повици, туку според бројот на расчистени случаи, покренати постапки и изречени санкции. Клучно е да се направат и законски измени со кој давателот на мито, ќе се иземе од одговорност. Според сегашниот закон, казни може да заработат и тој што дава и тој што прима мито.

Реклама

„Доколку ова кривично дело за давање биде извадено од кривичниот закон иземено мислам дека граѓаните повеќе ќе се охрабрат да пријавуваат корупција на сите нивоа“, изјави Љубомир Ѓурчески.

Од СДСМ со критика. Велат дека мерката на Владата со само неколку дена задоцнување е превземена од Србија, каде половина од граѓаните, веќе во оваа држава го имаат пријавено премиерот Вучиќ.