Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд

Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб. Општината соопшти дека екипите се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти.

-Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите. На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните, се наведува во сооштението. 

Општина Кисела Вода апелира до нејзините жители доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на дежурните телефони:  072 250 719 и  072 443 500.

Реклама

-Сите наши капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата, информира Општина  Кисела Вода.