Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Хроничниот страв на Венко Филипче од уште еден пораз на избори ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хроничниот страв на Венко Филипче од уште еден пораз на избори ги држи новите изборни правила заглавени во собраниска процедура. По целодневни преговори, две директни средби меѓу координаторите на пратениките групи, сепак договор нема. Решението ќе се бара и во текот на утрешниот ден. СДСМ одговори негативно дури и на понудата од премиерот Мицкоски, да бидат конструктивни, да кажат што им смета во законот и за тоа да понесат амандмани кои власта ќе им ги прифати. Еден од најголемите проблеми е што СДСМ, предходно ја напушти работната група која од март работеше на измените, лути што власта го укина постеоњето на пржинската влада, и тоа не од овие, туку дури од следните избори. Сега законот им дојде како изненадување.

  • „Во оваа Собрание, никој па ни ВМРО-ДПМНЕ не може насила да носи решенија кои што треба да се донесат со консензус. Нашето неучество во работната група за Изборниот законик, е резултат на насилното носење на законот за Влада. А во предлог законот има повеќе спорни решенија, ќе истакнам неколку, едно е во делот на гласањето електронски на дијаспората.. “ рече Оливер Спасовски – Координатор на СДСМ.

Според ова, главен проблем за социјал-демократите останува онлајн гласањето на дијаспората и начинот на кој граѓаните треба да го штиклираат или заокруѓат бројот на кандидатот на гласачкото ливче. Останува и заканата на СДСМ дека ќе го блокираат законот со таканаречен „филибатесринг„, односно поднесување на дури 10 илјади амнадмани кои не се суштински, туку со нив едноставно се разводнува целата дебата. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ ова однесување на опозицијата е само доказ дека Венко Филипче не само што се плаши од изборен пораз, туку сака и својата партиска криза сега да ја пресели во законодавниот дом.

  • „По однос на забелешките од Левица, кажуваме аргументирано дека истите учествуваа во Работната група во Министерството за правда, и во најголем дел беа усогласени сите работи кои ги имаме договорено со нив. По однос на забелешките од СДСМ, споменавме дека тоа што не учествуваа во Работната група можеби им е хендикеп да ги разберат зошто се предложени на таков начин. Претседателот на СДСМ, Филипче е позагрижен за резултатот од следните парламентарни избори отколку од нормите кои се предложени во измените на Изборниот законик “- изјави Антонио Милошоски – Потпретседател на Собранието, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се постигне догово,р односно опозицијата се откаже од блокадата, треба да се закаже комисијата за политички систем каде треба да се разгелдаат измените на изборниот законик. Инаку, овие измени не се само барање на меѓунардоната заедница и ОБСЕ-ОДИХР, туку се дел и од реформската агенда што македонија треба да ја исполни во рамките на својот евро-интеграциски просец.