Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по одржаната денешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по одржаната денешна седница на Извршниот одбор на партијата попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството и потпретседател на партијата Борче Серафимовски.

-Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на системот. Доктор е по организациски науки, магистер по меѓународни односи, дипломиран бизнис менаџер и дипломиран дефендолог, а во изминатите две години успешно ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Она што за нас беше пресудно не се само неговите академски квалификации, туку фактот што доаѓа како човек кој веќе го познава системот, ги познава потребите на македонските земјоделци, ги разбира предизвиците со кои се соочува агросекторот и има капацитет веднаш да продолжи со реализација на започнатите политики. Уверен сум дека ќе ја оправда довербата што му ја даваме денес, исто како што тоа го направија и нашите досегашни министри – рече Димитриевски.

Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, во влијателно министерство.

Реклама

Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Потенцира дека во Министерството за јавна администрација се реализирале суштински реформи кои создаваат основа за професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација. Нагласи дека при формирање на владината коалиција свесно ги преземале Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, два ресори, како што рече, кои со години биле симбол на застој, недовршени реформи и нарушена доверба на граѓаните во институциите.

Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.

– Во Министерството за правда беше започнат најобемниот реформски циклус во последната деценија, со јасна цел, правосуден систем кој ќе биде предвидлив, ефикасен и во служба на правдата. И ова не е само политичка оценка на ЗНАМ. Ова е и оценка што ја споделуваат и потврдуваат и нашите европски партнери. Неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се силна потврда дека Македонија ги исполнува обврските од реформската агенда и дека институциите испорачуваат резултати таму каде што со години постоеше застој, во делот на реформа на јавната администрација и владеење на правото. Зад него останува сериозен реформски капитал, 33 подготвени законски решенија, од кои 13 се директно поврзани со Реформската агенда и четири од нив се усвоени и изгласани во Собранието на Република Македонија – Закон за судска служба, Закон за јавно обвинителска служба, Закон за судски совет, Закон за совет на јавни обвинители, а истите се изработени преку процес во кој беа вклучени повеќе од 300 експерти во рамки на 24 работни групи. Тоа не е успех на еден човек или на една партија – изјави претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде конструктивен, стабилен и принципиелен партнер во Владата.

-Ќе продолжиме да ги реализираме политиките што им ги ветивме на граѓаните и ќе продолжиме да докажуваме дека државотворноста не е политички слоган, туку секојдневна обврска. Тоа е суштината на ЗНАМ. Тоа е нашата одговорност. И тоа е патот по кој ќе продолжиме да ја градиме Македонија – нагласи Димитриевски.