Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ЗНАМ на работни средби со локалните организации и членството

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, се вели во партиското соопштениe.

Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Беа разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата.

Во фокусот на разговорите беа и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени. Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ.

Реклама

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните.