Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Започна уредувањето на просторот пред Споменикот на паднатите борци во Делчево

Во Делчево започна уредувањето на просторот пред Споменикот на паднатите борци, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево започна уредувањето на просторот пред Споменикот на паднатите борци, со што локалната самоуправа ја започнува реализацијата на активности насочени кон обновување и зачувување на едно од најзначајните спомен-обележја во градот.

Од Општината информираат дека целта на интервенцијата е враќање на достоинствениот изглед на споменикот и неговата непосредна околина, со што ќе се создаде поуреден и попристапен јавен простор за граѓаните и посетителите.

Во рамки на активностите се врши расчистување и хортикултурно уредување на просторот, отстранување на оштетените и дотраени елементи, како и други зафати кои ќе придонесат за подобар изглед на овој значаен меморијален комплекс.

Реклама

Од локалната самоуправа истакнуваат дека споменикот, кој подолг период не бил одржуван во состојба каква што заслужува, постепено добива нов и поуреден лик благодарение на ангажманот на општинските служби и вработените кои работат на терен.

-Грижата за историското и културното наследство претставува обврска кон минатото, но и инвестиција во иднината. Со уредувањето на овој простор сакаме да покажеме почит кон паднатите борци, но и да создадеме достоинствен амбиент кој ќе биде место за одбележување на значајните историски датуми и настани – наведуваат од Општина Делчево.

Додаваат дека ќе продолжат со активности за подобрување на јавните површини и уредување на значајните локации низ градот, со цел Делчево да биде почисто, поуредено и попривлечно место за живеење и за посетителите.