Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Заменикот министер Шабани на конференцијата „MILCON 26“: Воената академија дава суштински придонес кон одбраната и безбедноста

Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува, повеќе од потребно е да ги разбереме овие промени и да најдеме начин да се прилагодиме на нив, затоа што безбедноста – наша и на сите граѓани на Алијансата е приоритет за одбраната, рекол заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска на отворањето на третата меѓународна научна конференција „MILCON 26“, организирана од Воената академија. 

Како што информираат од МО, тој истакнал дека со своето делување, вклучително и со организацијата на оваа конференција Воената академија „го следи глобалниот тренд и се позиционира како академски центар кој дава суштински придонес кон одбраната и безбедноста.“

Шабани порачал дека бројката од 50 научни трудови кои успешно ја минаа двојната рецензија, како и учеството на претставници на академската заедница од Соединетите Американски Држави, Чешка, Турција, Хрватска, Романија, Полска, дел од соседните земји, но и подалечни земји како Јордан и Јужна Кореја, се импресивни и даваат можност за споделување на искуства и перспективи за предизвиците по безбедноста на глобално ниво. 

Реклама

Деканот на Воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески на отворањето посочил дека Воената академија останува цврсто посветена на својата мисија да биде центар на военото образование, научноистражувачката работа и меѓународната академска соработка.

-Организирањето на MILCON’26 претставува уште една потврда на нашата заложба да создадеме простор за размена на идеи, искуства и научни достигнувања меѓу експерти, истражувачи и практичари од земјата и од странство. Особено сме горди што конференцијата се реализира во рамките на Летниот кампус 2026, меѓународна платформа која низ годините прерасна во препознатлив симбол на соработка, пријателство и академска размена меѓу воени академии и високообразовни институции од повеќе држави, рекол деканот.

Конференцијата „MILCON 26“ е организирана во три паралелни научни панели, проследени со предавања, додека истовремено Академијата го спроведе и добро познатиот Летен кампус, кој се одржува по 15-ти пат, како и т.н. „Erasmus+ Staff Week 2026“, активност на која учествуваат наставници, истражувачи и административен кадар од партнерски високообразовни институции од Бугарија, Хрватска, Ерменија, Грузија и Јордан.

На конференцијата бил промовиран и Зборникот на трудови кои се несомнен придонес кон развојот на македонската одбранбена и безбедносна мисла.