Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Брисел контра СДСМ. За Европската Унија предлог – измените на изборниот законик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел контра СДСМ. За Европската Унија предлог – измените на изборниот законик се добри. Евроамбасадорот Михаил Рокас повика партиите да постигнат консензус и да ги излгасаат. Потсети и дека тоа е дел од реформската агенда.

„Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка и оценка, но она што преостана во моментот се модалитетите. Разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие модалитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине“, изјави Рокас.

Премиерот повторно порача дека е подготвен уште еднаш да седне на маса со СДСМ, со цел да се постигне договор, но додаде дека опозицијата нема аргументи со кои би го спречила гласањето на дијаспората. Остава простор да се договорат за начинот на кој тоа би се спровело.

Реклама

„Еве, во ред, тие одлучиле дека, и покрај тоа што десетици земји во светот применуваат електронско гласање, а јас го имам и естонскиот модел комплетно разработен, еве, нека не биде така. До 2029 година, од претседателските избори па натаму, тие се исплашени, бидејќи велат дека и тогаш ќе бидеме опозиција. Мислат дека некој повторно ќе им ги украде изборите. Фројд понекогаш проработува. Мислат дека, како што тие се однесувале, така сите се однесуваат“, вели премиерот Мицкоски.

СДСМ не отстапува. Венко Филипче повтори дека гласањето на дијаспората за нив е црвена линија што нема да ја поминат. Тврди дека со сегашниот предлог се подготвува изборен грабеж.

„Зошто премиерот Мицкоски им става таков товар на нашите граѓани што живеат во дијаспора? Некој утре да им каже дека биле дел од изборна измама. Зошто ги изложуваат на таков ризик тие луѓе? Нека гласаат тука, еднакво како што сите ние гласаме“, истакна Филипче.

Изборниот законик засега останува заглавен во Собранието, откако СДСМ и Левица поднесоа 13 илјади амандмани.