Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Енергетска криза за стабилност или злоупотреби со набавките на струја?

Покрај тоа што веќе од августовските сметки ќе имаме во просек поскапа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај тоа што веќе од августовските сметки ќе имаме во просек поскапа струја за 7,4 отсто, се стравува дали ќе има доволно електрична енергија.

Алармот го кренаа земјите во регионот , кои за разлика од кај нас сериозно се подготвуваат за периодот кој следи. Албанија најави ограничувања на струјата и подготви план за вонредна заштеда на електрична енергија.  

Се подготвуваат прекини на струјата.  Станува збор за тотални кратења во снабдувањето со енергија. Го направивме овој план во случај на итни или вонредни ситуации . Луѓето треба да почнат да штедат, порача Премиерот Еди Рама.

Реклама

И додека останатите земји преземаат конкретни мерки и чекори, кај нас се најавува најтешката енергетска зима до сега, но за сега се водиме по принципот дека ако се се одвива по планот не се размислува за рестрикции, а најавена е кризна состојба во делот на електрична енергија од август.

„Но, ако се одвива се согласно планот и во случај да нема забрана на увоз на електрична енергија, како што сме имале во одредени периоди во минатото од страна на Бугарија, не верувам дека би имало рестрикции во нашата држава, рече Министерот Бектеши.

Експертите веќе со месеци наназад предупредуваа дека е потребно да се зголеми домашното производство и навремено да се склучуваат долгорочни договори бидејќи се знае дека Македонија е увозно зависна земја за електрична енергија Дури и во летниот период кога се намалени капацитетите на  компаниите имаме недостаток и увезуваме секој ден 20-30 проценти што поставува сериозна загриженост за зимскиот период.

Се е во домен да се направи профит. Колку е поскапа енергијата толку е поголем профитот кај трговците. Зошто не купија поевтина енергија и да направат договор на година дена ? Ништо не е направено, ништо не се презема ама будно се следи, рече за Алфа Константин Димитров.

Покрај тоа што немаме никаков план како ќе ја преживееме зимата, власта се задолжи 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за да се обезбеди ликвидноста на државната ЕСМ која годината ја заврши со катастрофален минус од 28 милиони евра. Парите од ЕБОР ќе се користат за набавка на струја, мазут и јаглен. 

Од опозицијата пак критикуваат дека власта пробува да протне нова кризна состојба со цел повторно да се склучувале договори во четир очи. Од ВМРО- ДПМНЕ прво ќе бараат одговор каде се потрошиле парите под превез на енергетска криза, а потоа сериозно ќе анализираат за прогласување на нова.

Кристина Алексиеска