Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Еден ден контра жените во политиката, друг ден ретерира и се бори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден ден контра жените во политиката, друг ден ретерира и се бори за земјоделките. Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи кој пред два дена ја нарече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска сметководителка која ја води државата во бездна денеска бараше пари за жените коишто вршат земјоделска дејност. Токму министерката која вербално ја омаловажи му го прифати амандманот на ребалансот на буџетот за плус 2 милиони денари.

Вчера, на изјавата на Битиќи реагираа и од Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија. Оттаму го осудуваат потегот и бараат извинување. Сметаат дека тој го користел статусот сметководител во негативен контекст, а со намера да ја омаловажи министерката. Според нив, не смее да се дозволи, во недостаток на економски аргументи за дебата, да се посегнува кон понижување на една цела професија. Од Советот додаваат дека сметководителите се од витално значење за државата и се луѓе кои го носат товарот на даночниот и фискалниот систем на државата.

Пратениците од матичната комисија за Финансирање и буџет одобрија уште еден амандман за поддршка за жените, поточно дополнителни 2 милиони денари за СОС линијата за жртвите на родово и семејно насилство. Амандманот беше поднесен од политичката партија Левица.

Реклама

Инаку, општата расправа за ребалансот на буџетот започна на 3 јули, и по тридневна расправа во Комисијата започна амандманската распава. Поднесени се вкупно 224 амандмани.