Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Еврејската заедница поднесе кривична пријава за претседателот на бугарскиот клуб од Охрид

По пријава на Еврејската заедница во Македонија, претседателот на бугарското здружение Цар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пријава на Еврејската заедница во Македонија, претседателот на бугарското здружение Цар Борис Трети од Охрид, Томе Блажески на 28-ми април е повикан во Основното јавно обвинителсто. Според поднесените пријави тој се сомничи за предизвикување национална, расна и верска омраза,раздор и нетрпеливост како и подбивање на македонскиот народ. Според кривичниот законик, ова се сериозни кривични дела за кои следи и затворска казна. Во овој момент обвинитеството работи по поднесените пријави,со прибирање и прибрање на податоци.

  • Мене не ми е целата некој да оди во затвор 10 години,туку да престане омаловажувањето и дискриминацијата на евреите преку величење на нацизмот и фашизмот, вели претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

“Очекувам да престанат провокациите и евреите жртви од Втората светска војна да престанат да бидат политичка монета за поткусурање.И мене ми е многу криво што тој фашистички наратив,или тој антисемитизам денеска во 2023-та година се шири со едно невидено темпо и се потпалуваат масите и во Бугарија и во Македонија,па тоа не е во ред.И ние во Македонија не можеме да дозволиме враќање на историјата назад и будење на фашизмот преку промоција на колаборатори на Хитлер“ вели Пепо Леви.

Ние немаме ништо против сегашна соседна Бугарија, но непотребно се шири омраза помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, а нетрпеливоста расте. Наместо сега да газиме со огромни чекори кон  Европската унија, ние сите ја сечеме гранката на која стоиме, додава Леви.

Реклама

Инаку,иако здружението Цар Борис Трети е избришано од Центалниот регистар, тоа не згасна – барем на социјалната мрежа Фејсбук каде Блажески самиот обзнани дека е повикан на распит во основното јавно обвинителство. Здруженето на фејбук е активно, промовираат отворање на клубови во соседството,прикажувајќи ги најголемите македонци револуционери и дејци како бугари. Потоа прикачуваат и фотографии од простории во кои има пакети со храна,која како што пишува ја делат веќе една година, повикувајќи ги сите бугари во Македонија на кои им треба помош, да им се обратат. Просториите се излепени со ликот на Цар Борис Трети. Иаку, извори за нашата телевизија потврдуваат дека новоосвестените бугари повеќе не ги користат просториите во гратскиот амам каде што беше и нивното седиште, иако кријата за истиот ја платиле една година однапред.

Росица Голабоска