Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

По новите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По новите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

„Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“ – изјави Димитриевски.

Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

Реклама

„За нив можам да кажам само едно – тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“ – истакна Димитриевски.

Претседателот Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава.

„Ние нема да се занимаваме со спинови и измислици. Ќе продолжиме да разговараме со граѓаните, да нудиме решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, национално достоинство и одговорна политика.” – заклучи Димитриевски.