Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дивеење на Охридското Езеро – пијани управуваат чамци, глисери и скутери

Повеќе пијани отколку трезни зад кормилото – деветмина биле фатени како управуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пијани отколку трезни зад кормилото – деветмина биле фатени како управуваат пловила под дејство на алкохол, загрозувајќи ја безбедноста на капачите и сите учесници во водниот сообраќај. Пијаната пловидба викендов заврши со изрекување санкции. Од охридската Капетанија најавуваат ригорозни мерки, па дури и одземање на пловилата.

„Да, и годинава ќе продолжиме со таа пракса, пошто лани наидовме на доста голем број алкохолизирани лица кои го управуваат својот пловен објект. Ако се констатира дека некој дивее, веќе прекршува неколку казни, ќе има одземање на пловниот објект, каде што ќе го земеме на проверки, па понатаму судот ќе носи други одлуки“, вели Илија Арнаудоски, капетан на Капетанија на пристаништа.

Летната сезона само што почна, а бројките веќе го вклучија алармот. Спроведени се повеќе од 100 инспекциски контроли, при што се констатирани над 80 прекршоци. Целта е да се зголеми безбедноста на капачите и да се стави крај на несовесното управување со пловните објекти. Од Капетанијата велат дека скутерите се најголем проблем, а прекршителите ќе бидат строго санкционирани. Од 1 јули во сила е забрана за движење на скутери од 11 до 19 часот. Во сила е и забрана за изнајмување пловни објекти за спорт и рекреација во периодот од 6 до 21 часот.

Реклама

„Најголем проблем во Охридското Езеро имаме со скутерите, дивеењето на младите лица, значи ќе се санкционираат, и до сега се санкционираат, ќе се санкционираат и од сега. Најчести прекршоци се забрана за ноќна пловидба, глисирање на 300 метри до обалата, и има неколку прекршоци за претовар на кајчиња и неколку прекршоци за неносење заштитни елеци“, вели Арнаудоски.

Дополнителен проблем, велат надлежните, претставуваат необележаните капалишта, поради што апелираат капачите да ги користат само обележаните зони, а управувачите на пловни објекти да ги почитуваат безбедносните правила. Во регистарот на Капетанијата моментално се евидентирани 3.518 пловни објекти од целата држава, а интересот за регистрација на нови чамци, глисери и едрилици постојано расте. Во моментов по Охридското Езеро пловат осум патнички бродови. Најскапото регистрирано пловило чини околу 120.000 евра.