Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Градоначалникот Меља на увид во реализацијата на неколку инфраструктурни проекти во Дебар

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, изврши увид во тековната реализација на неколкуте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, изврши увид во тековната реализација на неколкуте поекти, насочени во подобрувањето на патната инфраструкура, наведувајќи дека истите „не запираат ниту за време на викендот и продолжуваат со засилена динамика“.

„Со задоволство можам да информирам дека заврши асфалтирањето на улицата „Фуад Дибра (поранешна 1 Мај)“ а работите се насочени кон финализирање на улицата „Миѓени“(ЈНА), една од најважните сообраќајни врски што го поврзува горниот, односно стариот дел на градот, со центарот и останатите населби. Со несмалена динамика се рабори и на изградбата на булеварот во населбата Венец2 “, објави Меља.

Додава дека Дебар продолжува да бележи напредок во модернизацијата на патната инфраструктура, а градежните активности се одвиваат со несмалено темпо и за време на викендот, со цел проектите што поскоро да биде завршени и ставени во функција на граѓаните. 

Реклама

„Асфалтирањето на улицата „Миѓени“ ќе придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот, полесно секојдневно движење и значително подобрување на условите за сите учесници во сообраќајот. Континуираните инвестиции во инфраструктурата се  важен чекор кон понатамошниот развој и модернизација на Дебар. Продолжувањето на работите и за време на викендот претставува показател за посветеноста проектите да се реализираат во најкраток можен рок и граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките, посочува градоначалникот.

Со вакви инвестиции, нагласува, Дебар продолжува да гради современа и функционална инфраструктура, потврдувајќи дека развојот на градот и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните остануваат меѓу најважните приоритети.