Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Нема компромис со здравјето на гостиварци – водата прво мора да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема компромис со здравјето на гостиварци – водата прво мора да биде целосно безбедна и чиста, и тоа три дена по ред, пред властите да ја кренат забраната за пиење од чешма. Велат дека нема да дозволат ниту најмал ризик и забраната ќе остане ма сила сe додека анализите не потврдат дека водата е целосно исправна. Здравствените власти секој ден земаат примероци на повеќе места низ градот. Во неа нема веќе фекалии и измет, но има присуство на други бактерии.

„Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за пиење и за подготовка на храна. Постојано се прават тестови, а тие ќе продолжат а и во текот на викендот. Секој ден од повеќе кориснички места се земаат мостри. Кога резултатите од три последователни теста ќе бидат соодветни, АХВ ќе може да ја повлече забраната за употреба на водата за пиење. Она што е важно е дека водата сега може да се употребува за други намени, а не за пиење и за подготовка на свежа храна. Така што, барем тој дел е разрешен“, – вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Во однос на временската рамка кога ќе протече чиста вода за пиење Клековски не сакаше да шпекулира. Единствено посочи дека водата во моментов може да се користи само техничка употреба.

Реклама

„Секој ден се прават анализи од најмалку девет кориснички места. Значи, може да има еден тест кој не е соодветен и повторно да треба да се прават. Навистина е неблагодарно да предвидувам какви ќе бидат анализите и да шпекулирам што и како ќе биде“,изјави Клековски.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера алармираше дека иако фекалните бактерии се отстранети од водоводот, проблемот не е завршен. По хиперхлорирањето, во водоводната мрежа во Гостивар се појавила нова бактерија. Поради тоа, водата и понатаму не смее да се пие, а забраната останува се додека сите анализи не потврдат дека е целосно безбедна.

Инаку, квалитетот на водата е значително подобрен, затоа е намален и бројот на новорегистрирани случаи. Според податоците од министерството за здравтсво, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош. Во моментов се хоспиталзиирани двајца на инфективно и педијатрија.