Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Четирипати пониска инфлација за време на најголемата нафтена криза во 2026-та споредено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четирипати пониска инфлација за време на најголемата нафтена криза во 2026-та споредено со онаа од 2022-ра кога Русија ја нападна Украина. Во јуни, државната статистика измери годишен пораст на трошоците за живот од 3,4%, а на месечно ниво, споредено со мај, има дури и намалување од 0,5%. Од друга страна, во јуни 2022-ра, инфлацијата го достигна плафонот и беше на нивото од 14,5%.

ИНФЛАЦИЈА

ЈУНИ 2026    ЈУНИ 2022

Реклама

3,4%               14,5%

Според надлежните, голем успех е тоа што се стабилизирани трошоците за храна и безалкохолни пијалоци кои се зголемиле за 2,5% во јуни, но во однос на мај биле помали за 1,1%.

Велат дека инфлацијата најмногу се зголемила кај алкохолните пијалоци, тутун и наркотици за 9,3% и кај транспортот од 6,2%, кој пак на месечно ниво бележи пад на цените од 1,6%.

Од Министерството за економија велат дека особено радува фактот што во јуни е регистрирана дефлација од 0,5% во однос на мај што е позитивен сигнал за стабилизирање на цените и намалување на трошоците за живот на граѓаните.

Оттаму додаваат дека статистичките показатели се доказ дека мерките за обезбедување стабилен пазар, фер трговски практики и заштита на животниот стандард даваат резултати.

Податоците, пак, на Државниот пазарен инспекторат покажале дека дел од растот на малопродажните цени во мај не се должи само на повисоките набавни цени, туку и на зголемувањето на бруто профитните маржи. Имало случаи кадешто набавните цени биле намалени, но тоа не го почувствувале крајните купувачи, што значи дека трговците си пресметале повисоки маржи.

„Просечните набавни цени на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и производите за бебиња се зголемени за 2,66%, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56%. Во истиот период, просечната бруто профитна маржа е зголемена за 1,88 процентни поени. Воедно, првичната анализа покажува и благо намалување на просечната бруто профитна маржа во периодот мај–јуни 2026 година за 0,18%, што претставува позитивен сигнал за постепена стабилизација на цените“ – велат од Министерството за економија.

Статистиката потврдува дека Македонија успешно се справи со нафтената криза споредено и со земјите во регионот. Пониска инфлација имаат само Србија и Албанија со 2,7 односно 3,2%.

Полошо стојат Словенија со 3,6%, Грција со 3,9%, Хрватска со 4,5% и Бугарија со пораст на трошоците за живот од 5,6%. Убедливо највисока инфлација има Турција од над 32 проценти.