Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во работна посета на општинските организации во Прилеп и Битола

Во рамки на работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и реализацијата на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а согласно одлуките на Централниот одбор, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, оствари работни посети на општинските организации во Прилеп и Битола.

На состаноците со Извршните одбори во проширен состав се разговараше за тековните активности на организациите, за натамошното јакнење на партиската инфраструктура и за спроведувањето на одлуките донесени од Централниот одбор.

Во таа насока, беа реализирани постапките за избор на делегати, како и предлог кандидати за членови на координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, со што продолжува процесот на кадровско зајакнување и активно вклучување на нови членови во партиските структури.

Реклама

Во рамки на состаноците беше дискутирано и за двегодишниот отчет за работата на функционерите на Движењето ЗНАМ, при што беше направен осврт на реализираните политики, активностите и постигнатите резултати во изминатите две години.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со интензивни активности на терен, во постојана комуникација со членството и граѓаните, градејќи силно, современо и европски ориентирано движење, кое се залага и работи во интерес на државата и на сите нејзини граѓани.