Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Гаши од Тбилиси: Справувањето со бројните предизвици бара колективен напор и солидарност

Претседателот на Собранието Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обратил со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши нагласил дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти.

Тој посочил дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност и оти без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес.

Реклама

-Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија и НАТО не само како стратешки избор туку и како суштинска патека за зајакнување на суверенитетот, безбедноста и просперитетот на земјата, стои во соопштението.

Во говорот тој исто така потенцирал дека земјите на регионот, и покрај разликите, делат заеднички интереси и стремежи за живеење во мир, економско унапредување и подобра иднина за своите граѓани, особено за помладите генерации.

Покрај учеството на Генералното собрание на ПАБСЕК, Гаши реализирал и официјална билатерална посета на Тбилиси по покана на претседателот на Парламентот на Грузија. Во рамките на оваа посета, се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат ставови за актуелните прашања поврзани со регионалната безбедност, парламентарната дипломатија и перспективите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.