Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Гаши и Доцовa разговарале за парламентарната соработка, но не и за уставни измени

Во пријатна атмосфера поминала средбата на спикерот Африм Гаши со неговата бугарска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пријатна атмосфера поминала средбата на спикерот Африм Гаши со неговата бугарска колешка Михаела Доцова. Разговорите генерално се однесувале за парламентарната соработка помеѓу двете држави, а уставните измени не се отвориле како тема. Доцова најавила дури и официјална посета на македонското собрание, а Гаши очекува тоа да се случи до крајот на годината.

– Воглавно разговаравме за соработката на нашите два парламенти, како може да ја продлабочиме соработката во процесот на евроинтеграција, како да најдеме начин да ги црпиме искуствата од бугарското зачленување во ЕУ… – рече Гаши.

Спикерот сподели дека бугарската колешка го споменала и инциднетот со палањето со бугарските коли, но ја поздравила и брзата реакција на полицијата.

Реклама

Ист таков одговор побара македонското МНР за објавувањето на интерната комуникација за патувањето на сопругата и помалиот син на прмиерот. Тимчо Муцински го повика бугарскиот амбасадор во Скопје и побара објаснување и темелна истрага.

За инцидентот преку соопштение се огласи бугарското МНР, негираат дека од кај нив протекле безбедносни информации и додаваат дека настанот бил, како што велат, во „далечното минато“.

„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја… Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја“, велат од бугарското МНР.

За случајот, премиерот рече дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО, бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува и безбедноста на неговото семејство.

Нејасно е како документот излезе во јавност и зошто токму сега, шест месеци по приватното патување. Во него во детали се опишува возилото, рутата, дестинацијата и други детали.

Во затегнати односи Скопје-Софија, Македонија продолжува да ги спроведува реформите за усогласување со европската регулатива. Собранието интензивно ќе работи за да се донесат сите предвидени измени бидејќи крајниот рок е 30 јуни за гласање.

Спикерот Гаши е на став дека согласно сите процедури се носи и законот за соодветна и правична застапеност кој треба да го замени укинатиот балансер од Уставниот суд. Не се согласува со опозициските критики и претпоставки  дека законот нема да гарантира нечии права.