Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Во полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром, следуваат кривични пријави

Две малолетнички, поврзани со врсничкото насилство во општина Аеродром, како и нивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две малолетнички, поврзани со врсничкото насилство во општина Аеродром, како и нивните родители биле повикани во полициска станица, каде е извршен разговор со нив, по што ќе следуваат и соодветни кривични пријави, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје вчера во 19:30 часот 31-годишна жена пријавила дека на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка, која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

Реклама

За случајот, како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Во врска со предметниот настан, додаваат од МВР, се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.