Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Свет

Во пожарите на Хаваи досега 53 жртви, над илјада исчезнати, обновата ќе трае со години

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи загинаа најмалку 53 лица, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи загинаа најмалку 53 лица, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми оти над 1.000 се водат за исчезнати, уништен е туристичкиот историски град Лахаина, за што ќе бидат потребни многу години и милијарди долари за обнова, изјавија властите на Хаваи. Гувернерот Џош Грин рече дека пеколот што го претвори голем дел од Лахаина во урнатини е најлошата природна катастрофа во историјата на државата, која остави илјадници луѓе без покрив над главата и срамни дури 1.700 згради.

„Ќе бидат потребни многу години за да се обнови Лахаина“, рече Грин на прес-конференција, а властите почнаа да подготвуваат план за засолнување на новите бездомници во хотели и туристички имоти. „Тоа ќе биде нова Лахаина што Мауи ќе ја изгради според сопствен имиџ со свои вредности“, рече Грин за градот кој привлекува 2 милиони туристи секоја година, или околу 80% од посетителите на островот.

Пожарот кој се движеше со огромна брзина поради ветровите на ураганот Дора започна во вторникот, се прошири во градот и го опустоши историскиот Лахаина, кој некогаш беше главен град на Хавајското Кралство. Некои луѓе избегале од пламените јазици скокајќи во Тихиот Океан. Ниту еден од трите главни големи пожари сè уште не е изгаснат, иако пожарот во Лахаина е 80% локализиран. Повеќе од 14.000 туристи се евакуирани, а 11.000 луѓе уште се без струја на островот.

Реклама

Илјадници туристи и локални жители беа евакуирани од западната страна на Мауи, која има околу 166.000 жители во текот на целата година, а некои се засолниле на островот или на соседниот остров Оаху. Туристите кампуваа на аеродромот Кахулуи, чекајќи летови за дома.

Грин рече дека обемот на катастрофата ќе го надмине оној од 1960 година, една година откако Хаваите станаа американска држава, кога цунами уби 61 лице на Големиот Остров на Хаваи. Американскиот претседател Џо Бајден издаде „декларација за голема катастрофа“ со која се ослободуваат средства за помош.