Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во Охрид третото издание на интелектуалната платформа „Гласот на вечноста“

„Македонија – духовната порта на христијанството во Европа“ ќе биде темата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонија – духовната порта на христијанството во Европа“ ќе биде темата на дискусија во рамки на третото издание на јавната интелектуална платформа „Гласот на вечноста“ што во организација на „Глобалната Македонска Фондација Вечна“ денеска ќе се одржи во Охрид.

На настанот меѓу другите најавено е учество на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, проф. д-р Ратомир Грозданоски, проф. д-р Александар Атанасовски и отец Оливер Новески.

Организаторите посочуваат дека целта на платформата е отворање простор за јавна интелектуална дебата за историски, духовни и културни теми поврзани со македонското наследство.

Реклама

„Глобална Македонска Фондација Вечна“ е основана со цел да го зачува и промовира богатото културно наследство на Македонија, нејзината историска важност и образовните иницијативи. Како глобална платформа, фондацијата се стреми да ги поврзе Македонците ширум светот и да ги слави заедничките вредности и традиции кои ја дефинираат нашата уникатна идентичност.

Интелектуалната трибина што ќе биде збогатена со соодветна културна програма ќе се одржува во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 18:30 часот.