Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Во Неготино изложба „Пристапен музеј, култура без бариери“

„Пристапен музеј, култура без бариери“ е насловена изложбата на дела изработени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Пристапен музеј, култура без бариери“ е насловена изложбата на дела изработени од лица со ментален хендикеп, што денеска беше отворена во Музеј на град Неготино, во соработка со Центар за лица со ментален хендикеп, неготинска „Порака“.

Изложени се цртани дела и предмети моделирани со глина.

– Уметноста нѐ поврзува, различноста нѐ збогатува, заедно создаваме култура без бариери, културата е за сите, заедно создаваме инклузивно општество – беше пораката упатена од настанот.

Реклама

Притоа беше споделено дека проектот „Пристапен музеј, култура без бариери“ има за цел да ја приближи културата и музејското наследство до лицата со ментална попреченост преку креативни и едукативни активности.

– Преку работилници за цртање и моделирање, учесниците развиваат креативни вештини, самодоверба и активно учествуваат во културниот живот на заедницата – беше кажано на изложбата.

Драгица Чекорова, раководителка на проектот, рече дека ова е проект одобрен од Министерството за култура и туризам, како национален проект, од национален интерес, делата се работени со повеќемесечни едукативни работилници.

– Неколку месеци се работеше во рамките на едукативни работилници, каде што штитениците од „Порака“ цртаа, сликаа на хартија, на платно, со акрилни бои, фломастери, со дрвени боички. И работилниците се одржуваа во етнолошката поставка, може да се види дека мотивите за овие слики се разни етнолошки предмети, како што се стомна, тава, ѓумче, разни ќилими со убави, разновидни бои. Сето тоа беше инспирација за нив и уживаа сето тоа додека го работеа. Покрај овие слики, изработени се и предмети од глина, во калапи, во тава. Со наша помош и помош од вработените во „Порака“ – истакна Чекорова.

Неготинската градоначалничка Марија Нацева изрази задоволство од настанот и инклузијата во Неготино.

Валентина Тасева, раководителка во „Порака“ рече дека неготинскиот Музеј е меѓу оние во државата што е целосно пристапен и достапен до лицата со попреченост.

Верица Ташева, исто така, раководителка, истакна дека во „Порака“ настојуваат да ги откријат талентите на секој еден и да ги негуваат тие таленти, преку низа активности преку кои тие доаѓаат до израз.