Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Во Крива Паланка концерт на кларинетистот Бранко Павловски придружен гудачки квартет

Кривопаланечката публика синоќа имаше несекојдневна прилика да ужива во концертот на познатиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривопаланечката публика синоќа имаше несекојдневна прилика да ужива во концертот на познатиот македонски кларинетист Бранко Павловски во придружба на гудачки квартет, во рамки на програмата на “Кривопаланечко културно лето 2026”. Извонредниот концерт на камерна музика се одржа во прекрасниот амбиент на стариот конак на манастирот “Свети Јоаким Осоговски”, каде бројната публика уживаше во маестралните звуци под отворено небо.

Настапија: Бранко Павловски, кларинет, Камелија Дукова Зефиќ, прва виолина, Бранислав Автовски, втора виолина, Виктор Манев, виола и Енис Аљи, а виолончело.

Концертната програма содржеше композиции од Молеле Мангани, квинтет од Јоханес Брамс и “Кога бев дете” од Марјан Јанкоски.

Реклама

Ова беше ретка можност публиката во родниот град на познатиот македонски кларинетист со богата интернационална кариера и реноме, да ужива настапот што следуваше по неговиот неодамнешен концерт во Метрополитен операта во Њујорк,САД и концертот со гудачкиот квартет на “Скопско лето 2026”.

Павловски се заблагодари на Општина Крива Паланка и организаторите на Меѓународната ликовна колонија “Свети Јоаким Осоговски”, кои ги поканија за учество во склоп на Kултурното лето, акцентирајќи дека уште од најрана возраст ја посетувал колонијата кадешто и самиот се инспирирал за уметничко творештво.

Бранко Павловски докторирал на Факултетот за музичка уметност на државниот универзитет Луизијана во Бостон Руж, САД, во класата на Е.Дилутис, каде работел како асистент по кларинет до 2011 година, а во моментов е редовен професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Во рамки на својата богата кариера настапувал во САД, Франција, Англија, Германија, Чешка, Полска, Унгарија, Италија, Турција и низ државите од Балканот.