Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Белград бинзисмени од регионот разговараа за имплементација на „Електронски товарен лист“

Нема повеќе хартија, нема непотребни царински проверки. Од 2027-мата година земјите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе хартија, нема непотребни царински проверки. Од 2027-мата година земјите од Европската Унија воведуваат електронски транспортен лист, а Македонија со донесената законска рамка за дигитализација на транспортните документи, веќе се позиционира пред дел од соседите во регионот. Новиот систем треба да ги замени хартиените документи, да ги намали задржувањата на границите и да го забрза протокот на стоки кон Европската Унија. Сега остануваат техничките и оперативните подготовки за старт на системот, а Сојузот на стопанските комори ќе им помогне на компаниите преку обуки.

„Организиравме round table во којшто ги собравме сите stakeholders, меѓу коишто, нели, најбројно… најбројни беа компаниите од транспорт и логистика, коишто јасно кажуваат дека се подготвени да го прифатат софтверот којшто е во моментот развиен со поддршка на REconomy и се имплементира една по една држава во Western Balkan 6. И систем којшто е компатибилен со европскиот е-CMR“, изјави Весна Кумзановиќ од ССКМ.

Компаниите пак велат дека клучно ќе биде информирањето и размената на искуства со меѓународните партнери за начинот на функционирање на системот. Во регионот, Црна Гора веќе започна со тестирање. Од следната година електронскиот транспортен лист ќе биде обврска за сите компании кои извезуваат во Европската Унија.

Реклама

„Во рамките на Сојуз на стопански комори, Комората за транспорт и логистика е веќе информирана, вклучена во тој процес, се превземаат чекори за лобирање, односно за забрзување на процесот на имплементација. Кај Црногорците е па друг, они го немаат донесено законот, ама го имплементираат софтверското решение како пилот-проект и практично веќе собираат аргументи за нивните овака policy донесувачи, нели, креирање на… креираат креатори на политики, колку е битно да се донесе таков закон заради тоа што конкретно ќе ги видат бенефитите од, нели, од воведувањето на тој софтвер“, додаде Кузмановиќ.

Црногорските искуства се важен показател за тоа како би требало да функционира системот во пракса. Овде, во Белград, дел од регионалните бизнисмени токму ќе разговараат на овие теми – како да ги подобрат стандардите за полесен транспорт на стока во рамки на земјите од Европската Унија. Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од Солун, најави воведување на интелигентни транспортни системи кои ќе придонесат за забрзување на царинските и логистичките процедури.