Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Вонредна состојба во Венецуела – спасувачка трка со времето по разорните земјотреси, има многу жртви и повредени

Десетеци загинати, стотици повредени, илјадници исчезнати под урнатините. Уништени домови, паника, страв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десетеци загинати, стотици повредени, илјадници исчезнати под урнатините. Уништени домови, паника, страв од неизвесноста по двата разорни земјотреси кои ја потресоа Венецуела.

„Ова е најсилниот земјотрес кој некогаш сум го почувствувала. Беше многу силен. Никогаш не ни се скршило некогаш при земјотрес. Сите чаши, падна се“, вели една жителка.

Првиот разорен земјотрес, со јачина од 7,2 степени, ја погоди земјата вчера навечер по локално време, а само 39 секунди подоцна следеше уште поразорен земјотрес од 7,5 степени. Потресите се случиле во момент кога се славел национален празник, па голем број граѓани во тој период биле дома.

Реклама

„За среќа во моментот на потресот бевме надвор од зградата, кога се вративме видовме дека е потполно уништена“, изјави жител.

„Бев во кујната кога почна да се тресе, беше страшно“, кажа друга жителка.

„Кога се симнавме пред зградата, насекаде околу нас имаше облак од дим, ништо не видовме, глетка како од хорор филм“, сведочи граѓанка.

Владата веднаш прогласи вонредна состојба, а телефонските линии и снабдувањето со електрична енергија беа прекинати во градовите. Аеродромите во земјата се затворени, а видeo снимки од главниот аеродром Симон Боливар сведочат за хоророт на патниците:

Светските лидери изразуваат длабоко сочувство и поддршка до народот на Венецуела. Понуди за помош пристигнуваат од сите страни.

Спасувачките екипи се во трка со времето и прават очајнички обиди да ги извлечат луѓето и животните под рушевините, бидејќи во вакви моменти секоја минута може да направи разлика меѓу живот и смрт. Според Геолошкиот завод на САД, постојат околу 30 проценти веројатност конечниот број жртви да надмине 100 000 и можност државата да се соочи со хуманитарна криза од невидени размери.