Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Водата во делчевското село Град не се препорачува за пиење поради заматеност, во тек санација на дефектите

Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево соопшти дека во тек се технички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево соопшти дека во тек се технички интервенции за отстранување на дефектите на водоснабдителниот систем во село Град, поради што водата во моментов не се препорачува за пиење и подготовка на храна.

Од претпријатието информираат дека во изминатиот период биле преземени активности за оптимализација на водоводната мрежа, но поради осцилациите во приливот на вода, карактеристични за овој период од годината, дошло до притисочни девијации во системот, што предизвикало оштетувања на зафатите за каптирање на водата.

-Дополнително, осцилациите во притисокот предизвикаа проблеми и на делови од дотраената водоводна мрежа, при што настанала локална хаварија која довела до заматување на водата во системот за водоснабдување на селото, информираа од претпријатието.

Реклама

Како што наведуваат од ЈКП „Брегалница“, пред неколку дена бил евидентиран дефект на главниот доводен систем, односно на каптажата, зафатот за вода и магистралниот цевковод кој ја транспортира водата до резервоарот од кој се снабдува село Град.

-Состојбата дополнително се влоши по последните обилни врнежи, кои придонесоа за зголемена матност на водата на самиот водозафат, што негативно се одразило врз квалитетот на водата во дистрибутивната мрежа. Постапуваме согласно законските процедури и дека континуирано се следи состојбата, додека надлежните служби вршат анализи на здравствено-техничките параметри, со посебен акцент на матноста на водата, посочија од претпријатието во  соопштението до јавноста.

До целосно нормализирање на состојбата, од ЈКП „Брегалница“ апелираат граѓаните од село Град да не ја користат водата од водоводниот систем за пиење и подготовка на храна.