Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата

Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, инфраструктурата и животната средина.

Капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Капиталните дотации до општините се зголемуваат за околу 1 милијарда и 683 милиони денари.

Реклама

Министерството за животна средина добива дополнителни 2 милијарди и 412 милиони денари, што е зголемување од над 54 проценти. Ова е најголемото ресорско зголемување и јасен сигнал дека проектите за отпад, отпадни води, намалување на загадувањето и еколошка инфраструктура не остануваат само декларативна заложба.

Министерството за транспорт добива дополнителни 1 милијарда и 806 милиони денари. Во рамките на развојните проекти, средствата за железничката инфраструктура растат за околу 743 милиони денари, а за инфраструктурни проекти во општините за околу 665 милиони денари.

Средствата за живеалишта и развој на заедниците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари. Тоа значи повеќе простор за водоснабдување, комунална инфраструктура и подобри услови за живот во локалните средини.

Ова е суштинската разлика во начинот на кој се управува со јавните финансии. Буџетот не постои за да ја одржува администрацијата, туку за да гради, развива и создава вредност. Секој реализиран проект значи работа за домашните компании, нова економска активност и подобри услуги за граѓаните.

Граѓаните повеќе не сакаат оправдувања, туку резултати. Затоа секој денар од Ребалансот мора да биде претворен во видлив проект, а секоја институција ќе има обврска средствата да ги реализира навремено, одговорно и транспарентно. Само така довербата се оправдува со дела, а не со зборови.