Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Власта молчи за моделот на промена на Уставот по хрватски терк кој самата го промовираше

Владата сака промена на Уставот по хрватски терк, но кога ВМРО-ДПМНЕ се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата сака промена на Уставот по хрватски терк, но кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи, се чини дека Ковачески и Ахмети одат чекор назад. Тоа што до пред некој ден за нив беше прифатливо, сега е ретерирање, велат опозицијата да седнела на маса во работните групи, па ќе виделе. Зошто власитите она што го нудат сега не го прифаќаат? Поранешниот пратеник Илија Димовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи, оти од нив немало потреба, според Димовски работните групи се јавноста, народот, и цела дебата треба да биде во Собрание.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ покажа дека сето она што го тврдеше СДСМ и ДУИ досега, дека ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, дека ќе стави вето на државата, дека за ситни политички интереси се обидува да наштети на сите, се покажа дека не е точно. Сега сме во обратна ситуација, она што СДСМ и ДУИ го велеа како модел дека е разумен, да ВМРО-ДПМНЕ вели ако е хрватскиот модел се прифаќа. Мислам дека ќе бидат на голем испит и СДСМ и ДУИ да покажат дали тие ќе стават вето на ваков предлог и дали за ситни политички, партиски или етно-национални интереси ќе го стопираат целиот процес, вели Димовски.

Димовски посочува 20 години наназад сите отстапки се направени од македонскиот народ, почнувајќи од промена на знамето, се до последните протоколи кои ги потпиша Османи, според него СДСМ и ДУИ сега се на сериозен испит пред јавноста.

Реклама

Зошто властите кои нудеа промена на Устав како хрватскиот, сега молчат, политичкиот аналитичар Сефер Селими вели не смета дека владата оди чекор наназад, туку понудиле да се разговара за тој предлог и да се стигне до решение кое ќе ги задоволува сите страни вклучени во дебатата.

Што се однесува на хрватскиот устав и промена на Уставот на Македонија по тој терк секако дека може да се разговара и секако дека тоа ќе треба да ја рефлектира реалноста во која живееме во Македонија. Ако во Хрватска живеат 90% хрвати и 10% се сите други малцинства кои се некаде околу 22 вклучуваќи ги и македонците, албанците, србите..секако дека тоа може да се рефлектира и во Македонија и со новите измени, но тоа ќе треба да ја отсликува реалноста во Македонија, вели Сефер Селими – политички аналитичар.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повтори ставот промена како хрватскиот устав може, оти како што соопштуваат од партијата, во уставот на Република Хрватска јасно пишува НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА, а во уставот на Република Македонија ДЕЛОВИ ОД НАРОД. Разликата е голема – македонскиот народ е изедначен со останатите народи кои живеат во Македонија, за разлика од националните малцинства во Хрватска. Во Хрватска јасно пишува дека е национална држава, за разлика од Македонија која е воспоставена како граѓанска држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ и ДУИ засега одговорија дека треба сите да седнат на маса во рабтните групи и да се разговарало.

Мери Симоновска