Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Економија

Владата молчи после пораките на Гир и ЕУ –делегацијата за законите за „Бехтел и Енка“, Гир: Кажав се што имав

Власта по секоја цена ги турка законите поврзани со „Бехтел и Енка“…

Сподели:

Власта по секоја цена ги турка законите поврзани со „Бехтел и Енка“ со европско знаменце за опозицијата да не може да блокира, а Европската Унија останува на ставот дека употребата на скратени процедури не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа. Евроамбасадорот Девид Гир, кој на „Денот на Европа“ дојде да се рекреира во парк шумата Гази Баба, рече дека останува на ставот од пред неколку дена, дека Владата не треба по секоја цена да ја злоупотребува Европската Унија.

Алфа го праша евроамбасадорот дали е соодветно европското знаменце да биде ставено на измените на законите потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д, ама тој рече дека денеска ќе се фокусира само на денешниот настан и додаде дека веќе има дадено многу изјави во изминатите денови на таа тема.

  • Денеска дозволете ми само да се фокусирам на паркот Гази Баба и луѓето кои се забавуваат и уживаат, рече Гир.

Претходно евроамбасадорот рече дека европското знаменце е наменето само за закони кои треба да се донесат по скратена постапка, а кои се дел од европското законодавство. Се друго е надвор од европската пракса, дециден беше Гир.

Реклама

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали Европската Унија има механизам да ја спречи Владата која ги турка законите и покрај предупредувањето дека не се за усогласување со европското законодавство, рече: „Причината поради која го отворив прашањето за употребата на европското знаменце е токму поради тоа што многу често во напите извештаи за земјите укажуваме дека употребата на европското знаменце треба да биде за усвојување закони кои што се директно поврзани со европските практики и со европското законодавство. Реков дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, што во овој случај не е“.

И додека владеачкото мнозинство се правда дека ги турка законите со европско знаменце, Европската комисија рече дека употребата на скратени процедури не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа.

Од Владата и натаму не одговараат на прашањата на Алфа дали ќе се предомислат за злоупотребите што ги прават, по “шлаканицата” од EУ.

И додека Владата молчи, министерот за внатрешни во одбрана на Артан Груби. Повтори дека треба да се работи во насока на остварување на проектите за градење на коридорите 8 и 10д и да се почитуваат законски норми што важат во Македонија.

  • Ова е еден од најголемите проекти чија реализација е исклучително важна. Градбата на инфраструктурата во една држава значи основа за економски развој, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Инаку, Европската Унија веќе и порача на Владата да не го злоупотребува европското знаменце, зашто овој инфраструктурен проект не бил поврзан со европските процеси во Македонија.

Процедурално,на комисиската расправа, законските измени за работни односи треба да поминат на пленарна седница. Тоа ќе важи и за останатите четири закони на кои власта им стави европско знаменце и покрај критиките од ЕУ.

Борис Грујоски