Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Владата конечно ги слушна барањата на комуналните претпријатија, ќе плаќаат струја според регулиран пазар

Како давеници за сламка,  комуналните претпријатија  во последен момент се спасија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како давеници за сламка,  комуналните претпријатија  во последен момент се спасија од високите сметки за струја.  Откако владата  конечно покажа слух за нивното барање и ги стави на регулиран пазар, очекувањата им се дека декемвриските сметки ќе бидат пониски. Во штипското комунално претпријатие  Исар, веќе се направени првичните пресметки и со остатокот од парите ќе се покриваат долговите направени во периодот кога сметките им беа повисоки од вкупните приходи.

Ние добивавме цена од 40 до 15денари за киловатчас во зависност од берзанската цена на отворениот пазар. Сега со оваа цена што ја имаме се надеваме дека за еднаш до два пати ќе се намали сметката, за со остатокот од средствата да можеме ги покриеме сметките за струја. Знаете сметките што доаѓаа првите три месеци беа под 19 милиони денари„ изјави Трајче Здравсков, директор на ЈП„Исар„

Високите сметки за струја ги стави пред свршен чин, а многу од комуналните претпријатија во државата беа на прагот на ликвидност. Излез од финансиката криза Исар гледаше во изградба на фотоволтаици и мала хидроцентрала, но Владата не дозволи општински обврзници, па и тој проект им пропадна во вода.

Реклама

        

„Нашите анализи предвидуваат дека можеме да произведуваме електрична енергија, односно поголемиот дел од 50 – 60% од потрошувачката на јавното претпријатие за производството на вода да го покриваме на тој начин„-изјави Трајче Здравков, директор на штипското комунално претпријатие.

Астрономски сметки за струја добиваа комуналните претпријатија, посебно оние кои за испомпување вода од бунарите користат пумпи. Таков беше примерот и со кочанското комунално претпријатие. Поради немоќноста да се плати долгот, десетина денови одредени работни единици останаа без струја.

Александра Ристевска