Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Бистите на борците од НОБ никако да се вратат на плоштадот во Тетово

Спомен бисти на партизански народни херои во Тетово речиси две децении ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спомен бисти на партизански народни херои во Тетово речиси две децении ги нема на плоштадот.  Сојузот на борци враќањето да биде по легален пат, но ние една општинска власт не сакаше да им даде одобрение. Од друга страна нема село во регион каде нема споменици и меморијални комплекси за УЧК

Додека без никаков проблем се изгради 20-метарски споменик за УЧК во Слупчане, во Тетово седумнаесет години трае обидот две веќе постоечки спомен бисти да се вратат на јавно место. Тоа се бистите на народните херои партизаните Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчевски Амбарче кои во 2005-та година беа отстранети поради реконструкција на плоштадот.


„Бистите беа фрлени, ние како општинска организација на Сојуз на борци, успеавме да ги пронајдеме па да ги репарираме во МЗТ, да ги подготвиме да ги спремиме, меѓутоа тражевме можности тоа да биде на некој достоен и пристоен начин овие бисти да се постават на пригодно место во градот Тетово. Имаше неколку солуции, да се постават на плоштадот, да се постават пред Споменикот на револуцијата, да се стават во Музеј на тетовски крај, за сето тоа се разбира по легален пат требаше да добиеме и одобрение
“, – изјави Јоцко Димитриевски од ОО Сојуз на борци Тетово

Реклама

Тој обид, се да биде по легален пат, значеше речиси две децении многу комуникација на Сојузот на борци Тетово со државните и локалните власти но секој пат неуспешно.  Тие не сакаат да ги постават самоволно.


„Од Министерството за култура нас ни рекоа дека даваат согласност меѓутоа таа согласност треба да оди во склоп со општина Тетово односно со нивниот сектор. И таму испративме неколку барања. Едно од одговорите на локалната самоуправа беше дека го разбираат проблемот дека и тие се залагаат за поставување на бистите меѓутоа тоа ќе биде во склоп на поставување на сите спомен обележја во Тетово и кога тоа ќе се донесе како одлука така ќе се биде решено“,
додаде Димитриевски.

За да биде се според законски норми, решението е да бидат поставените бистите во затворен простор.  

„Донесовме одлука тие споменици да се однесат во Музејот на тетовски крај. Тоа е најпригодно место,но се разбира и за тоа пак ни е потребна согласност од Министерството за култура“, заклучи Димитриевски.

Во Тетово и во сите села изминативе две децении се изградени споменици и меморијални комплеси за УЧК.  Народните херои од Тетово како партизани биле убиени во масакрот на балистичкото движење во мавровското село Беличица во 1943 година.