Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Економија

Бизнис фронт против данок за солидарност-аларм за злоупотреба на европското знаменце

За надлежните солидарност, за компаниите казна за успешно работење. Владата засега го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За надлежните солидарност, за компаниите казна за успешно работење. Владата засега го повлече законот за екстра профити но бизнисмените се сомневаат дека тоа се прави за на него да се налепи европско знаменце и да биде протуркан на брза лента.

Најголемата стопанска комора кај нас бара целосно стопирање на законот, за што и првите луѓе на најголемите компании потпишаа и документ со кој искажуваат дека сите се против новата давачка.

Реклама

Од комората алармираат дека власта не го исполнила нивното барање за даночен календар , со кој би требало државата однапред да му соопшти на бизнис секторот, што ќе се воведува како даночна реформа, а би важела од 1-ви јануари идната година.

Невозможно е да се гради предвидлива бизнис клима ако 12 -10 или 7 со години не се носат клучни закони во еден чуден лавиринт на администрицијата, вели Бранко Азески претседател на стопанска комора.

Со законот ќе се опфатени само оние кои остваруваат приход поголем од 615.000.000 денари или 10 милиони евра, за што бизнисот алармира дека е селективен пристап, и ќе удри по оние кои успеале во екот на најголемата енергетска и економска криза да успеат да работат и да остварат поголем профит од она што Владата го зацртала.

Компаниите алармираат – ниту е грев да се оствари добивка, а уште помалку да се инвестира. Најзасегнати ќе се токму странските инвеститори кои се надвор од ТИРЗ зоните што за нив ќе биде дестимулативно оти кога дошле тука не биле известени за вакво нешто .

Тука се селектираат само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615 милиони денари и прашањето е зошто ги таргетирате само нив. Во македонија немаше компании кои направиле огромен профит. Покрај неизвесноста е и дестимулативно за компаниите , овој данок ќе е за минатата година , која е сигурноста дека нема да се донесе за нешто од пред 15 години ?, вели Зоран Јовановски потпретседател на Стопанска комора

Многу силно се спротиставуваме на паушалната употреба закони со европско знаменце , заради тоа што имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина имаме европски закони и кога за тие закони нема општ конзензус во државата , вели Антони Пешев извршен директор.

Доколку се донесе Законот ,  пресметките од Владата се дека во Буџетот ќе се соберат околу 4,7 милијарди денари, или 76, 4 милиони евра. Законот кој треба големите компании од сите сектори кои во последната година оствариле поголем профит или над 20 отсто од просекот кој ќе биде земен од последните 3 години, а ќе стапката ќе биде 30 отсто.