Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Бесплатен јавен Wi-Fi и за граѓаните на Општина Чешиново-Облешево

Од денеска граѓаните на Општина Чешиново-Облешево имаат на располагање бесплатен јавен Wi-Fi,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска граѓаните на Општина Чешиново-Облешево имаат на располагање бесплатен јавен Wi-Fi, поставен во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Градоначалникот Јорданчо Костадинов изјави дека целта на иницијативата е да се обезбеди бесплатен јавен интернет за граѓаните во државите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

-Нашата Општина ќе биде една од 500 во регионот кои  добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија- дополни градоначалникот Костадинов.

Реклама

Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска доколку се најдат во близината на општинската зграда или во и околу паркот во Облешево.

-Со оваа поддршка, Општина Чешиново-Облешево продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница- смета Костадинов.