Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите

Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка.

– Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 (на скалата од 1 до 5). Корисниците изразуваат високо ниво на задоволство од  статистичкиот веб-портал НБСтат, редовните статистички објави и достапноста на статистичките информации. Особено е зголемено задоволството од квалитетот на статистичките податоци, чија просечна оценка достигна 4,2. Позитивни оценки даваат и известувачите, кои високо ги оценуваат процесите за доставување статистички податоци, едноставноста на апликациите и обрасците, како и професионалната соработка со вработените во Дирекцијата за статистика. Воедно, кај двете групи испитаници, комуникацијата со вработените е издвоена како највисоко оценет сегмент, со просечна оценка 4,5, при што е забележано постојано подобрување во однос на резултатите од претходните анкети, соопшти денеска Народната банка.

Анкетата, како што информира централната банка, посочува и на можности за понатамошно унапредување на статистичките услуги, пред сè, преку обезбедување појасни методолошки објаснувања, поедноставување на статистичката терминологија, редовни обуки и работилници и натамошна дигитализација на процесите. 

Реклама

Во Анкетата биле опфатени околу 800 испитаници, меѓу кои физички лица, деловни субјекти, банки и штедилници, останати финансиски институции, институции од јавната администрација, студенти, научници, медиуми, меѓународни и невладини организации.