Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа, имаме три години со процесот на дигитализација тоа да го овозможиме

Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки. Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп и промоцијата на Центарот за дигитални услуги. Андоновски одговори на прашањето за можноста дијаспората електронски да гласа и колку реално Македонија е подготвена системски зашто опозицијата обвинува за можни манипулации.

Според него, дијаспората треба да гласа зашто вложува во земјата, ја поддржува македонската економија. 

Ministri i Transformimit Digjital, Stefan Andonovski, dhe kryetari i Komunës së Prilepit, Dejan Prodanoski, sot vizituan Qendrën e Shërbimeve në Prilep, e cila është krijuar si rezultat i bas

– Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки, што значи дека ја поддржуваат македонската економија, ги поддржуваат своите сограѓани што живеат тука, дел од своите семејства, пријатели, отворааат сопствени бизниси. Имаме голема дијаспора, која има македонски пасоши и живее во странство и не е фер и не е остварување на уставното право да им се дозволи да гласаат исклучиво физички, а да патуваат по 5.000 или по 10.000 километри за да го остварат своето право на глас, и тоа двапати. Еднаш да се регистрираат, а вториот пат да го остварат своето право на глас – рече Андоновски.

Реклама

Како што објасни министерот за дигитална трансформација Андоновски, предлогот е со измените во Изборниот законик да се предевиди дека до 2029 година, значи за три години, да имаме подготвен систем, во кој ќе им се дозволи, само на регистрираните лица што имаат македонски пасоши и живеат во странство, да може да гласаат онлајн. 

– Ние имаме систем за дигитален идентитет, тоа е порталот „Услуги.гов.мк“, во кој сите граѓани се регистрираат со свои лични податоци. Еднаш верификуваме дека се тие, со нивна лична карта или пасош, така што веќе ги знаеме податоците за граѓаните. Не е никаков проблем да се доразвие системот во соработка со Државната изборна комисија за да се постигне условот и да се овозможи правото на граѓаните да го остварат своето избирачко право и да гласаат. Ако има политичка волја, секако дека е можно – рече Андоновски.

Веќе две држави во ЕУ целосно го имплементирале системот, а четири држави во ЕУ тестирале, пилотирале решенија.

– Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – рече во Прилеп министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.