Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Аналитичари: Македонија ги живее најтемните денови од своето постоење, по сите афери таа веќе не личи ни на држава

Сомнеж за користење на физиолошки раствор наместо хемотерапија, сомнеж за продавање лекови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнеж за користење на физиолошки раствор наместо хемотерапија, сомнеж за продавање лекови за болни во Македонија за потребите на луѓе од Косово, пациенти без терапија, десетина живи изгорени во Тетово, превртени автобуси со дузина жртви и повредени, ученици без учебници, милионски сомнителен договор за изградба на автопат кој јавноста никогаш не го виде, киднапирања, убиства – ова е слика за Македонија во последниве години.

Скандали, корупција, криминал еден куп, разрешница никаква – Македонија ги живее најтемните години од совето постоење, сметаат дел од аналитичарите. Професорот Божиновски за Алфа вели дека ова веќе не ни личи на држава, особено ако се земе предвид фактот дека аферите се нижат, а разрешница нема.

Се има чувство дека државата е пуштена по инерција, односно дека нема државен апарат, односно држава која ќе може да се справи со сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Се создава гнев и револт, за тоа дека буквално за ниеден од скандалите нема разрешница, судска. Видовме во случајот со модуларната кабелот беше крив, нема разврска за сообраќајките кај Ласкарци и во Бугарија, ова што се случува со онкологија, гневот е толку поголем со оглед на минатиот учинок, односно неучинок, тоа е немање на никаква одговорност за се она што се случува, граѓаните се гневни за што е дзволено ова да трае континуирано со години ,вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Реклама

Божиновски вели, дека е недозволиво за такви сериозни случаи да нема никаква одговорност, дека не се памети време каде што корупцијата била распорстранета како сега, од шалтер во установа, се до врвот на државата, спас се само избори, а власта не ги дава.

Аналитичарите велат дека се чини дека власта е свесна дека ќе изгуби на избори, затоа и се толку незаинтересирани.

Се добива впечаток дека власта целосно се има откажано од било каква иницијатгива или обид да ја поправи онаа перцепција која се создаде изминативе години, а тоа е дека едноставно не е способна да справи со предизвиците кои се пред Македонија…., вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Според последните анкети граѓанит покрај тоа што не веруваат дека државата се движи во правилна насока, главен проблем за нив е корупцијата и криминалот, а судејќи според бројките власта се повеќе и повеќе ја губи довербата кај народот, токму заради инертноста и нефункционалноста на институциите.