Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Алиу: Додека сум министер ќе придонесувам кон здравствениот систем, дигитализацијата една од клучните реформи која треба да продолжи

Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

– Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја минута ќе работам и ќе придонесам кон здравствениот систем во државата. Јас кога влегов пред 10 години во политиката, влегов за да помагам, но, денеска, после 10 години, со политичкото искуство што го имам, веќе сум во политиката за да променам. За да променам како се води политика и како треба политичар да биде транспарентен и реално да функционира во системот – рече министерот во заминување Алиу.

Алиу истакна дека секој од нас, има обврска да придонесе во заедницата.

Реклама

-И јас ќе продолжам така и во иднина, со тоа што го знам најдобро – нагласи Алиу.

Ценам, рече, дека ќе има континуитет здравството. Тој додаде дека е сигурен, оти новиот министер ќе продолжи со политиките коишто веќе ги имаат воспоставено. Затоа што, како што подвлече Алиу, досега креираните реформи биле системски и како такви и ќе продолжеле и во иднина.

Ценам дека дигитализацијата е еден од клучните елементи коишто во здравството треба да се продолжи – одговори министерот Алиу на новинарско прашање.

Со реконструкцијата на Владата, ресорот здравство ќе го преземе досегашниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.