Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Зошто обвинителството осум месеци молчи по пријавата за параполициски структури во МВР?

Уценува ли пратеничката Фросина Ташевска Ременски структури во СДСМ, МВР и обвинителството…

Сподели:

Уценува ли пратеничката Фросина Ташевска Ременски структури во СДСМ, МВР и обвинителството за гонење на организиран криминал? Ваква дилема се наметна откако таа завчера, по увидот во доказите за случајот Рекет, пред медиумите наведе низа обвинувања за сериозен криминал во институциите. Иако во завиена форма, пратеничката и професор по безбедност, споменуваше и пара – полициски структури и екс директор на УБК. Праша, која е улогата на поранешниот директор на УБК, Горан Николовски, во делот на пријавувањето на дејствијата од страна на семејството Камчеви и дали презел некакво службено дејство, притоа споменувајќи ги и првиот полицаец  Спасовски и премиерот Заев.

„Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не сторил, додека сите останати на коишто професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде откриен во јавноста“, вели Ташевска Ременски.

Ременски на новинарите им укажа да истражат колку т.н. „жолти комбиња“ има во државата, каде оперираат и за чии интереси работат. Алфа, пак од свои извори дознава дека Јавното обвинителство, уште пред 8 околу месеци, добило пријава оти пара – полициски структури од земјава со години наназад шетале низ европските метрополи со приватно комбе и прислушувале странски функционери со цел информациите подоцна да ги предадат на трета земја. До каде е постапката по овој предмет одговор побаравме во обвинителството. Оттаму само молк.

Реклама

Пратеничката Ременски која открива паралелни безбедносни структури во МВР за кои вели оти ја таргетирале, е осомничена во истрагата за незаконско работење на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Таа веќе го доби и решението дека истрагата против неа за финансиски измами во оваа организација е завршена. Обвинителката Рускоска најави обвинение и за овој дел – Ременски пак се надева дека постапката против неа ќе биде запрена.

Ременски чиј сопруг работи во секторот за безбедносните анти-терорристички служби започна да зборува за случајот „Жолто комбе 2“ во кој како што објави емисијата „Код“ припадници на МВР кои со години не оделе на работа, користејќи ресурси на МВР прислушувале десетина земји членки на ЕУ и НАТО за трета земја.

Биљана Божиновска