Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ЗНАМ: Ваташа не е сцена за политички поени

Има рани што времето не ги лекува. Има солзи што не пресушуваат ни по осум децении.Има места на македонското тло, каде што секој чекор треба да биде придружуван со тишина, почит и чувство на длабока одговорност пред историјата на нашата држава. Ваташа е токму такво место, стои во соопштението од ЗНАМ. Таму, на таа света […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има рани што времето не ги лекува. Има солзи што не пресушуваат ни по осум децении.
Има места на македонското тло, каде што секој чекор треба да биде придружуван со тишина, почит и чувство на длабока одговорност пред историјата на нашата држава. Ваташа е токму такво место, стои во соопштението од ЗНАМ.

Таму, на таа света македонска почва натопена со крвта на дванаесет млади животи, не се оди за политички поени. Не се оди за да се избрише сопствената вина со еден букет цвеќе. Не се оди за да се одглуми почит пред камерите, а зад нив да се гази врз историската вистина на нашата држава.

Во Ваташа се оди со наведната глава пред жртвата на дванаесетте младинци кои беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор само затоа што ја сакале слободата на Македонија повеќе од сопствениот живот. Во Ваташа се оди со чист образ.

Реклама

Но, вчерашната појава на Претседателот на СДСМ, Венко Филипче и неговите сопартијци, пред споменикот на ваташките младинци, беше суров потсетник на политичкото лицемерие кое со години ја навредува меморијата на македонскиот народ.

Со кое лице Венко Филипче застана пред споменикот на ваташките младинци? Со кое лице дојде со цела партиска делегација да положува цвеќе пред жртвите на бугарскиот окупатор?

Со кое морално право се поклонуваше пред жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, кога истата таа политичка структура со години ја релативизира историската вистина на нашата држава?

Зарем тоа не е истата партија, чиј лидер и негов ментор, Зоран Заев, зборуваше дека Бугарија не била фашистички окупатор, туку администратор?!

Граѓаните на Македонија не забораваат.

Не забораваат кој тврдеше дека Бугарија не била фашистички окупатор. Не забораваат кој и денес го турка наративот за внесување на Бугарите во Уставот, без притоа да побара ниту историско признание, ниту извинување за злосторствата врз македонскиот народ.

Ваташките младинци имаа семејства, соништа, храброст и младост пред себе.

Перо, Ванчо, Данко, Илија, Ристо, Блаже, Пане, Герасим, Ферчо, Васо, Диме и Пане не беа немилосрдно убиени од администратори. Тие беа стрелани затоа што беа Македонци кои веруваа во слободата и достоинството на својот народ.

Затоа денес најмалку што заслужуваат е вистината. А вистината не може да се менува според дневните политички потреби.

Не може еднаш да ги нарекувате окупаторите – администратори, а потоа да се претставувате како чувари на антифашистичката традиција. Не може да ја бришете историјата, а потоа да положувате цвеќе врз нејзините најкрвави страници.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија смета дека споменот на ваташките младинци е светост што не смее да биде злоупотребувана за политичка рехабилитација на погрешните политики од минатото.

Македонија никогаш нема да се откаже од својата историска вистина, од својот национален идентитет, од македонскиот јазик и култура, ниту од својата антифашистичка традиција врз која е изградена современата македонска држава.

Никој нема право да ја прекројува нашата историја, да ги релативизира жртвите на македонскиот народ или да наметнува толкувања што се спротивни на фактите и колективната меморија на генерации Македонци.

Ова не е прашање на политика. Тоа е прашање на достоинство, чест и одговорност кон минатото, но и кон идните генерации кои имаат право да ја знаат вистината за својата татковина.

Како Движење, остануваме непоколебливи во одбраната на историската вистина, затоа што народ кој ќе ги заборави своите жртви, ризикува повторно да ја изгуби својата иднина.

А Македонија нема право да ги заборави Ваташа, ниту своите дванаесет младинци. Никогаш.