Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Живко Митревски бара владата да ги прекине преговорите со ССМ, обвинува дека раководството е нелегитимно

Живко Митревски не се откажува од функцијата прв човек на ССМ. Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живко Митревски не се откажува од функцијата прв човек на ССМ. Тој повторно свика прес- конференција на која обвинува дека актуелниот лидер Слободан Трендафилов бил нелигитимно избран со фалсификат документи. Според Митревски, Трендафилов не бил претседател на грански синдикат и со тоа не можел да биде на оваа функција.

Митревски тврди дека кога си заминал од функцијата оставил на сметката на синдикатот над 600 илјади евра за кои вели било нејасно каде завршиле. Бара Владата да ги прекине преговорите со Трендафилов во рамки на економско социјалниот совет, оти тој не бил легитимен претседател и одлуките немало да бидат важечки

Во однос на нелигитимноста на слободан Трендафилов повторно се потврдува тезата, дека истиот фалсификувал документи во смисла на тоа дека лажно се претставувал, вели Митревски

Реклама

Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, само со кус коментар на обвинувањата на Митревски кој не е на оваа функција речиси 9 години.

Денеска работниците се поважни од Живко, вели Трендафилов за Алфа.

Инаку синдикланите превирања се случуваат во моменти кога се преговара за висината на минималецот кој треба да се исплаќа од април. Според Митревски, Трендафилов згрешил кога ја потпишал методологијата за пресметка на минималната плата со која таа сега треба да порасне за само 1.800 денари.

ССМ сега бара минималецот да биде 30.000 денари, односно зголемување за речиси 8.000 денари, а придонесите за разликата од она што го предвидува законот и она што го бара синдикатот, да биде субвенционирана од Владата.

Владата засега е на став дека остава да се договорат синдикатот и работодавачите, а дека не е во можност да субвенционира придонеси. Она што се знае е дека дијалогот треба да продолжи на економско социјалниот совет по формирање на комисијата која ќе ја утврди репрезентативноста на синдикатот.